Saturday, 10 January 2009 19:45 Здравје

Листа од 10 јадења за здравје и убавина...

 

Здравата храна, богата со антиоксиданти и антивоспалителни состојки, освен тоа што го штити вашето здравје, допринесува и кон вашата убавина. Еве листа од 10 јадења, кои освен тоа што штитат од срцеви заболувања, рак, дијабетис, Алцхајмер и слично, штитат и од брчки на лицето и масни наслаги на бедрата и стомакот.

1. Боровинки - убедливо на прво место бидејќи се најбогати со антиоксиданти и антивоспалителни состојки.
2. Јаболка - можеби не се во мода, но овие старомодни овошки се богати со растителни влакна, антиоксиданси, антиинфламатори и состојки кои штитат од рак и го забрзуваат метаболизмот.
3. Морска риба - богати со омега-3 масни киселини, кои освен тоа што се добри за здравјето на срцето, се добри и за свежината на вашата кожа.
4. Сите видови на јатки - ореви, лешници, бадеми... богати со омега-3 масни киселини и амино киселни кои освен што го намалуваат нивото на холестерол во крвта и го зголемуваат имунитетот, допринесуваат за согорување на мастите и формирање на мускулна маса.
5. Зелени лиснасти растенија - спанаќ, блитва, коприва... богати со антиоксиданси, антиканцерогени соединенија и соединенија кои штитат од сончевите зраци. Освен тоа што го зголемуваат имунитетот и штитат од срцеви заболувања, штитат и од брчки, подочници и рак на кожата.
6. Аспарагус - богат со антиоксиданси и состојката наречена "rutin" која ги стега крвните садови и помага при испуштени капилари.
7. Маслиново масло - ова масло е најпознато по неговите антиоксидантни и антиинфламаторни состојки кои штитат од срцеви заболувања но и од прерано стареење на кожата.
8. Зелен чај - ова растение е богато со најразлични антиоксиданти кои се борат со слободните радикали. Зелениот чај го спречува стареењето,  штити од срцеви болести и рак.
9. Црвено вино - се додека се пие во умерени количини и се конзумира заедно со храна, како би се спречило влијанието на алкохолот, црвеното вино е спречувач на срцеви заболувања, рак, штити од UV радијација и го спречува стареењето.
10. Црно чоколадо - богато со антиоксиданти и состојки кои го подобруваат расположението. Но треба да се внимава да се земаат производи со 80% чисто какао, како би се избеганл вишокот шеќер кој доаѓа со конзумирањето на овој производ.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...