ВИЦ
- Срце мислиш ли на мене? ТОП ВИДЕО |
Thursday, 25 December 2008 01:10
Здравје
Која е поврзаноста на сонот и срцевите заболувања...
Според петгодишните испитувања извршени од страна на група еминентни американски научници, луѓето кои спијат од пет до седум часа дневно имаат двојно поголеми шанси да се здобијат со некои срцеви заболувања за разлика од оние кои спијат повеќе. Уште поголем е ризикот кај оние кои спијат дури и помалку од пет часа. Поврзаноста на сонот и срцевите заболувања се објаснува со тоа што нередовното спиење го стимулира лачењето на хормоните задолжени за регулација на апетитот, кои исто така влијаат на дебелењето и шеќерот во крвта. Ова е прво истражување кое посочува на поврзаноста на добриот сон и одмор со срцевите заболувања. До сега како фактори за срцевите удари, кои се посочени како најчеста причина за смрт во светот, се наведуваа прекумерната телесна тежина, пушењето, дијабетис, покачено ниво на холестерол во крвта, но не и недостатокот од добар ноќен сон. Срцевите удари настануваат како резултат на долготрајно таложење на калциум на крвните садови околу срцето, кој претставува добра подлога за таложење на масти. Други некои научници пак посочуваат на фактот дека овие испитувања се направени на база на набљудувања и не се поткрепени со директни докази добиени во лабараторија или слично. Но сепак препорачлив е здрав живот во кој освен здравта исхрана и физичката активност ќе влезе и добар и долг сон.
|
Најчитани
Најнови
24FUDBAL.com.mkМакедонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...
Hot & SexyСигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...
|





















