ВИЦ

Шета полицаец по улица и гледа едно дете со цигара во уста. Му ја зима цигарата и му вика знаеш ли дека пушењето ти го скратува животот за половина. Колку години имаш? Малиот вика 9. Е сеа да не пушеше ке имаше 18.

ТОП ВИДЕО

ДЕВОЈКА НА ДЕНОТ

Sunday, 14 December 2008 17:16 Здравје

Земањето на хормони ги дуплира шансите за рак...

 

Земањето на хормоните естроген и прогестерон во рок од 5 години за време и после менопаузата, го зголемува ризикот за рак на дојката за 2 пати, покажаа најновите истражувања. Лекарите долго веруваа дека земањето на хормони за време на менопаузата го намалува ризикот од срцеви заболувања, остеопороза и многу други здравствени проблеми кои се јавуваат после менопаузата, но се воспостави дека не само што не придонесуваат до намалување на ризикот од овие заболувања, туку и предизвикуваат и други, како што е ракот на дојката. Сепак, се води дебата, дали краткотрајното користење на овие хормони е толку штетно како што е прикажано со овие истражувања. Лекарите сепак советуваат дека во случаи на сериозни и тешки симптоми кои се јавуваат за време на менопаузата и после неа, се препорачува краткотрајно користење и во мали дози на овие хормони за да се ублажат симптомите. Долготрајното земање на естроген и прогестерон хормоните секако го нарушува балансот на организмот, но по престанувањето на нивното земање, организмот набрзо повторно си воспоставува рамонотежа и ризикот од рак на дојката повторно се враќа на нормално ниво. Сепак заклучоците од оваа истражување се дека жените со сериозни симптоми треба да се советуваат да ги земаат овие хормони но во кратки периоди и дека хормоналниот третман е сепак добар во екстремни случаеви, но не и како секојдневна практика за сите жени кои се наоѓаат во менопауза.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...