Wednesday, 06 February 2013 09:24 Здравје

Кај бремените жени кои дишат загаден воздух од автомобили и цврсти горива има голема веројатност да родат бебиња со тежина под нормалата, покажа истражувањето извршено кај 3 милиони раѓања во девет држави во Северна и Јужна Америка, Европа, Азија и Австралија. Резултатите биле објавени во американското списание "Еколошки здравствени перспективи"...

При работата меѓународниот тим на научници утврдил директна зависност помеѓу нивото на загадување на воздухот и развојот на фетусот. Податоците се собрани од средината на 90-тите години на минатиот век до 2000 година. Ниската тежина при раѓањето - 2,5 килограми или помалку, е поврзано со сериозните проблеми за здравјето на бебето, вклучувајќи големи компликации или смрт во неколкуте недели по раѓањето, како и хронични проблеми подоцна, вели шефот на истражувањето Пајм Дадванд од Центарот за проучување на еколошката епидемиологијата (ЦИЕЕ) во Барселона.

Професорот по акушерство и гинекологија Трејси Вудраф, која е меѓу лидерите на тимот, нагласува дека загадувањето на воздухот е насекаде и во пракса не влијае на секој човек во светот. Таа додава дека во САД трошоците за контрола на чистотата на воздухот се исплаќаат во здравје - нивоата на елементарни честички се ограничени до 12 микрограми на кубен метар годишно за честички со големина до 2,5 микрометри. За Европската унија овие нивоа се 25 микрограми на кубен метар и службите за заштита на животната средина сериозно размислуваат дали да ги намалат. Во Пекинг концентрацијата на овие честички, измерена во последно време, е над 700 микрограми на кубен метар.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...