Sunday, 03 February 2013 14:29 Здравје

Вегетаријанците се изложени на третина помал ризик да бидат хоспитализирани поради некои срцеви болести или да умрат од неа, отколку личностите кои конзумираат месо и риба.

Во истражувањето, со кое раководела Франческа Кроу од Оксфордскиот универзитет, за период од единаесет до дванаесет години следени се речиси 45.000 жители на Англија и Шкотска, од кои околу третина не конзумирале ни месо, ни риба.

Во тој период 1.086 испитаници се хоспитализирани, за 169 умреле од некоја срцева болест. Бидејќи се земени во обзир годините, физичката активност и други знајачни параметри, утврдено е дека вегетаријанците се под 32% помал ризик да заболат од срцеви болести отколку оние кои јадат месо. Кога во обзир е земена и телесната тежина на испитаниците, тој процент се намалил на 28%.

Оксфордскиот тим помалиот срцев ризик кај вегетаријанците го препишуа на нивната пониска вредност на холестерол и систолниот крвен притисок, додека дијастолниот од прилика имал иста просечна вредност меѓу вегетаријанците и испитаниците кои конзумирале месо.

Кроу истакнува дека разликата меѓу нивото на холестерол меѓу двете групи е еквивалентна на половата корист која луѓето ја остваруваат со редовно земање на лекови од групата статин.

Извесна улога во помалиот срцев ризик кај вегетаријанците секако има и дополнителното внесување на овошје, зеленчук и влакнести материјали во нивната исхрана.

Кроу напоменува дека во исхраната луѓето кои не се вегетаријанци најголем ризичен фактор за срцето претставува внесувањето на нездрави, заситени масти, какви што има во црвеното месо, путерот, сладоледот, сирењето.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...