Tuesday, 20 January 2015 12:10 Технологија

Секогаш кога ќе дознаеме за некои едноставни продукти и идеи, со кои луѓето се збогатиле, си помислуваме, „како не се сетив јас за тоа“...



Едноставно, зачудени сме како може со многу едноставна идеја да се свртат големи пари. Истото може да се каже и за 22-годишниот Метју Карпентер, чија новогодишна одлука била покренување на поголем број на помали проекти, а првиот таков проект бил покренувањето на страницата  shipyourenemiesglitter.com. Преку оваа страница, сопственикот нуди услуга „праќање писма со блескави украси, за луѓето што ги мразите“. „Едно писмо, бескрајна фрустрација и тоа само за 9.99 долари“, ја опишал Карпентер својата услуга, кој за news.com.au изјавил дека како дете ги мразел сјајните украси, кои ги добивал за роденден, бидејќи правот се растурал низ цела куќа и не можел да се исчисти.

Својата омраза кон тоа ја претворил во бизнис и голема заработка. Ниту во неговите соништа не замислувал дека неговата страница ќе стане хит и признал дека ја покренал само поради шега. Но, на луѓето им се допаднала неговата шега, па така ја добил првата нарачка, па втората и на крај бројот на нарачки се искачил на неверојатни две илјади, што му донело брзи 20.000 австралиски долари.

Шегата го шокирала Карпентер и вели дека поради лансирањето на страницата е под голем притисок и медиумско внимание, така што одлучил да ја продаде страницата. „Едноставно немам време да полнам по илјадници писма со украси. Искрено, ова не е проект за мене“, додал Карпентер, кој за својот проект досега добил над 300 понуди, а најголемата изнесува над 70.000 долари.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...