Tuesday, 10 June 2014 09:16 Технологија

За краток временски период вчера можеше да се преземе апликацијата од одредени земји, но не и САД...



Slingshot му е конкурент на Snapchat, но се разликува според неколку работи. Заедничко им е праќањето на фотографии и видеа, на кои можете да пишувате и цртате, а самите пораки исчезнуваат откако еднаш ќе ги погледнете, иако засега е непознато дали постои одреден временски интервал за отстранување на фотографии.

Од друга страна Slingshot воведува необичен начин на комуникација, па така ќе можете да видите или да ја „отклучите“ пораката што ја добивате од пријател, на начин што и вие ќе испратите порака. Според тоа Slingshot би можел да стане вирален, но прашање е колку сето ова има логика и дали корисниците ќе го користат овој начин на комуникација. Малку е неприродно да се комуницира на тој начин, но како и да е, кога ќе ја испробаме апликацијата ќе може да се направи подлабока анализа. Новост е и копчето „React“, кое ви овозможува праќање на ваша реакција кога ќе ја погледнете фотографијата што ја добивте.



За кратко време апликацијата вчера исчезнала од App Store, а од Facebook потврдиле дека се работи за случајност, а апликацијата ќе биде наскоро објавена. Засега постои само iPhone верзија.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...