Friday, 02 May 2014 08:12 Технологија

Snapchat ја објавил најголемата надградба досега, која би можела да го промени начинот на кој комуницираме преку мобилни уреди...



Овој сервис има нова опција за video chat, каква што досега не сте виделе. Отсега ќе можете да разменувате пораки со сите свои пријатели исто како и со другите апликации, но Snapchat нема да ве предупредува секој пат кога ќе добиете порака, туку само ќе ве известува кога вашиот пријател ќе почне да ви пишува порака - и тоа ќе ве извести со заклучен екран.



Ова е најинтересната можност во новата апликација, бидејќи со неа ќе можете да разговарате со своите пријатели, но наместо да повикате некого, па тој да ја подигне слушалката, Snapchat има поинаква замисла за видео повици. Кога ќе користите текстуален chat, ќе ви се појави мало сино копче, кое ќе можете да го кликнете и задржите, со што веднаш ќе може да се активира камерата на вашиот уред. Потоа ќе ја видите својата слика, а корисникот од другата страна ќе ве гледа вас. Ако сакате да ја активирате задната камера треба само вашиот прозорец да го повлечете нагоре. Нема дополнителни копчиња, едноставно ја менувате камерата со повлекување горе - долу.

Важно е да се каже исто така и дека откако ќе го напуштите разговорот, пораките исчезнуваат, но ако сакате да ја зачувате адресата што ви ја испратил вашиот соговорник, ќе мора да кликнете на неа за да ја зачувате, а истото важи и за видео повиците.

Snapchat навистина е поинаква апликација и треба малку време за да се навикнете на неа, бидејќи таа не функционира како другите апликации. Како и да е, овој сервис е на добар пат за да почнат сите сервиси да го копираат. Нивната идеја е одлична, а доказ за тоа колку внимаваат на дизајнот, е тоа што поседувале „трилион“ верзии на дизајн на иконата, додека не ја пронашле вистинската иконка што ќе одговара на нивната мисија.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...