Monday, 24 February 2014 10:20 Технологија

На Mobile World Congress во Барселона Sony го претстави својот нов flagship уред Xperia Z2, кој доаѓа со неколку импресивни карактеристики...

Уредот има сличен дизајн со својот претходник Z1 и исто така водоотпорен, но со малку поголем екран од 5,2 инчи full HD. Z2 е првиот паметен телефон, кој може да снима со 4K резолуција, а за тоа е потребен моќен процесор од 2.3GHz quad-core Snapdragon, со 3GB RAM меморија, 16GB внатрешна меморија, која може да се зголеми со microSD картичка, со батерија од 3200m.

Z2 ја користи истата 20,7 мегапиксела Exmor RS камера, која ја имаше и во моделот Z1, за кој снимањето во 4K е недостапно.

Уредот сам по себе е потенок и подолг, а новоста е надграден екран, кој со помош на Live Color LED технологија овозможува посветла и поконзистентни бои, користејќи микс од црвени и зелени бои, како и сини LED диоди.

Што се однесува до камерата, Sony Z2 вклучува 4K видео снимање со 30 fps, со SteadyShot стабилизатор на сликата. Со оглед на тоа што екранот на Z2 има резолуција од 1080p, снимките од 4K нема да дојдат до израз, но дефинитивно со полн потенцијал ќе ги видите 4K телевизорите, или пак ако ја зумирате сликата на самиот уред.

Со помош на Sony TimeShift видеата, нуди снимање и брзо уредување на снимките на 120fps, додавање на нови ефекти, дефокусирање на позадината и можности за поголема реалност. За жал, забавените снимки со 120fps се достапни само во 720p квалитет.

Xperia Z2 глобално ќе стане достапна од март на Android 4.4 оперативниот систем во црна, бела и виолетова боја.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...