Tuesday, 11 February 2014 17:02 Технологија

Многу брзо стана популарна, но и брзо исчезна од сцената, а авторот на хит играта "кој траеше најкратко во историјата", објаснува зошто мега-популарната игра ја повлече од пазарот...



29-годишниот Донг Нгујен, кој со својата игра Flappy Bird го "сврте светот на игрите наопаку", остави еден куп прашалници, откако одеднаш одлучи да ја повлече играта од App Store и Google Play. Нгујен бил навистина исплашен од популарноста на Flappy Bird, поради што изненадно ја повлече и го зачуди речиси целиот ИТ свет.

"Flappy Bird е игра наменета за уживање, играње од неколку минути за да се опуштите. Наместо тоа, таа се претвори во зависност, а тоа е, како што гледам јас, голем проблем, па решив да ја повлечам од пазарот", рекол Нгујен.

Дали навистина се работи само за алтруизам или нешто сосема друго, навистина е неважно, бидејќи Нгујен потврди дека Flappy Birds "исчезна засекогаш", а на прашањето дали е точна проценката дека дневните приходи на играта од реклами изнесувала 50.000 $, тој рекол: "не го знам точниот број, но вистината е дека е прилично голема сума. Всушност, беше, затоа што сега играта е завршена, нема шанси никогаш повеќе да биде достапна".

Тој открива дека неговиот живот целосно се променил кога играта станала глобален мега-хит, а тоа не е она што тој го сака. "Не можев да спијам, всушност не можев ниту пак нормално да живеам, па се решив на овој чекор. Да, размислував за се и не мислам дека е грешка. Во иднина сигурно ќе направам повторно игра, сега имам и повеќе самодоверба, но ова едноставно не можев да го издржам", објаснува тој.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...