Friday, 20 December 2013 12:22 Технологија

Уште во септември 2012 година надлежните органи на Европската унија побараа од Google да ја промени својата политика за приватност...



Компанијата го игнорира тоа барање, па затоа сега пристигна казната од Шпанија, која би можела да следува и од некои други европски земји.

Шпанија прво добила совет и сугестија од независниот француски административен орган CNIL, кој се занимава со заштита на приватноста на корисниците. Поточно, CNIL испратила сугестија до 6 европски земји укажувајќи им дека треба да го „натераат“ Google да го промени својот однос и политиката на собирање на кориснички податоци.

Според Wall Street Journal, шпанската Агенција за заштита на податоци го казнила Google поради три правни повреди: собирање на информации за корисниците, распределба на податоци преку голем број на различни услуги и чување на податоците на неодредено време без знаење и согласност од корисниците.

Иако Google неколку пати оваа година официјално изјави дека неговите правила за заштита на приватноста "ги почитуваат европските закони, а воедно овозможуваат и создавање на поедноставни и поефикасни услуги", шпанската влада не го прифаќа ова оправдување.

Казната од 900.000 евра од финансиска гледна точка е ситница за Google, но, поради ова може да има лоши последици во смисла на перцепцијата за компанијата на европскиот пазар. Според најавите, другите пет европски земји што планираат да подигнат тужба против Google се Италија, Германија, Франција, Велика Британија и Холандија.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...