Saturday, 07 December 2013 14:06 Технологија

Кога ќе сфатиме дека приватноста на интернет е само утопија, веднаш се разочаруваме...



Факт е дека нашите податоци им се достапни и на оние што не би требало да допрат до нашите информации, кои ги користат за своите маркетинг активности и кој знае за што друго.

Проблемот се јавува кога вашите податоци, особено лозинките ви ги хакираат оние што се занимаваат со криминални активности. Ја пробиваат вашата e-mail адреса и ја користат да стигнат до други податоци, кои на многу начини може да се злоупотребат и да ви нанесат голема штета.

Веројатно сите не мачи прашањето како да се заштитиме иако сме свесни дека не постои целосна заштита. Сепак има начин барем да дознаете дали вашата e-mail адреса била на списокот кај "лошите момци". Оваа едноставна веб-страница може да ви помогне барем да ви даде одговор на тоа прашање.

„Have i been pwned?“ ја покренал софтверскиот инженер Трој Хант и во првите три дена евидентирал посета на 50.000 корисници. Ова функционира многу едноставно, доволно е само да ја напишете вашата e-mail адреса и системот ќе одговори дали и колку пати сте биле пробиени.

Меѓутоа, дури и да ви одговорат дека вашиот e-mail никогаш не бил пробиен, нема 100% сигурност во тоа. Поконкретно, системот ги евидентира само оние адреси што се појавиле најмалку еднаш на јавни веб-страници или веб-страници што биле загрозени, од кои подоцна се украдени информации за сметката. Во секој случај, добро е да знаете барем нешто, затоа кликнете овде и проверете ја својата e-mail адреса.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...