Thursday, 14 November 2013 13:54 Технологија

Брзо растечкиот сервис Snapchat е очигледно една од најинтересните услуги на пазарот...

Откако ја одби првата понуда на Facebook од 1 милијарда $, шефот на Snapchat, Еван Шпигел, ја одбил и втората понуда од речиси 3 милијарди $.

23-годишниот Еван вели дека немаат потреба од инвестиции до почетокот на следната година, бидејќи сметаат дека бројките ќе се зголемат уште, со што се разбира, ќе се зголеми и вредноста на услугата, пишува WSJ.

Ако ги споредиме бројките со другите сервиси, Twitter по излегувањето на берзата стана компанија во вредност од 25 милијарди долари, а Pinterest со новата инвестиција тешка 225.000.000 $ стана компанија со вредност од 3,8 милијарди $.

Директорите на Facebook повторно му понудиле 3 милијарди долари на Еван, за оваа компанија да стане втората најголемата придобивка на Facebook после Instagram.

Причината зошто Facebook „загриза“ на Snapchat, е неговиот брзо растечки број на корисници на мобилни уреди и помладата популација која ја користи оваа услуга на дневна основа.

Да споменеме само дека Snapchat од 200 милиони пратени фотографии во јуни, подоцна за само 3 месеци „скокна“ на 350 милиони. Ако дојде до инвестиции, Шпигел изјавил дека ќе го продаде својот удел во компанијата.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...