ТОП ВИДЕО |
Wednesday, 30 October 2013 09:48
Технологија
Девојка-Андроид започна со работа утринава како застапник во одделот за облека за дами во големиот трговски центар "Такасимаја" во јапонскиот град Осака. Таа наликува на жив човек, може да зборува добро, да прави исклучителни гестови, дури има пристојна гримаси на лицето...
Минами изгледа како обична јапонски девојка на околу 25-26 години, висока е околу 160 см. Како што ги извршува наредбите кои доаѓаат од допир до неа, таа може со насмевка да раскаже за карактеристиките на фустаните и џемперите, дури и предлагајќи им различни бои на потенцијалните купувачи. Убавицата Минами е конструирана од страна на тим од професионалци под раководство на професорот Хироши Исигуро. Целта на тимот не е само создавање на уште посовршени мултифункционален роботи, туку и одржувањето на социолошки истражувања на реакцијата на луѓето во присуство на андроиди. Минами веќе два пати досега се појавуваше во "Такасимаја", но само како посетителка која комуницира со други купувачи. Денешната нејзина покомплексна улога, освен чисто рекламните функции, ќе даде можност да се разбере колку ќе се отежне комуникацијата на луѓето со вештачки продавачи. Засега "девојката" ќе работи до 12 ноември. Всушност Минами, освен популарно женско име во Јапонија, е и името на населбата во кој се наоѓа трговскиот центар. |
Најчитани
Најнови
24FUDBAL.com.mkМакедонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...
Hot & SexyСигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...
|






















