Wednesday, 18 September 2013 09:26 Технологија

Прототип на автомобил кој се движи речиси без учество на возачот, ќе биде формиран по три години, вети во интервју за весникот ""Financial Times" американскиот претприемач и пронаоѓач Елен Маск. Тој е и шеф на компанијата Tesla Motors, производител на електро автомобили...

"По три години ќе имаме автомобил, при што 90% од километражата ќе се одвива на автоматскиот режим. И тоа не е шпекулација", рече Маск.

Тој сепак не сакаше да открие детали околу проектот, кој е базиран на развојот на Tesla Motors, а не на технологијата на други компании.

Според бизнисменот и пронаоѓач засега не е можно да биде развиен автомобил кој целосно е независен од возачот.

"Според мое мислење уште сме многу далеку од тоа. Многу е тешко да се автоматизираат последните неколку проценти од процесот на возење" , вели тој.

Според него идниот робот ќе биде во состојба да се справи без возач во поголемиот дел од процесот на движење на возилото, но не и во сите ситуации на патот.

"Financial Times" го цитира мислењето на експерт, според кого автопроизводителите не се заинтересирани за имплементација на технологијата "возило на иднината". Тоа ќе им овозможи на осигурителните компании да ја префрлаат одговорноста на производителот за штети предизвикани од несреќа.

Јапонската компанија "Нисан" најави минатиот месец дека има намера да создаде автомобил - робот во 2020 година. Во оваа насока работат и "Мерцедес - Бенц" и "Волво".

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...