Thursday, 01 August 2013 15:51 Технологија

Некои криминалци мислат дека е паметно да се фалат со оружје и крадени пари на Фејсбук, односно да ја провоцираат полицијата на нивните страници на оваа социјална мрежа...



Благодарение на овие "паметни потези" многу такви активисти на Фејсбук завршиле зад решетки. Нова жртва на сопствената глупост е 26-годишната Американка Кристина Лин Бречер, по која полицијата била во потрага поради грабеж во продавница.

Полицијата на нивниот профил на Фејсбук објавила фотографија од Кристина (фотографиите на Фејсбук ги објавуваат со цел корисниците од Фејсбук да им помогнат во идентификувањето и информации за бараните лица), на која се гледа како бега од продавница. До оваа фотографија дошла и самата Кристина, која коментирала под нејзината слика на полицијата на Фејсбук: "Фатете ме ако можете".



Со овој 'паметен' потег само и помогнала на полицијата да ја пронајдат полесно и за само неколку часа подоцна била уапсена под обвинение за грабеж на продавница и поради некои претходни деликти поврзани со продажба на дрога.

Од активностите на Фејсбук досега се уапсени голем број криминалци, при што особено треба да се издвои случајот со двајца млади мажи од Колумбија, кои ограбиле интернет кафе, а еден од нив претходно бил таму на истото место и ги оставил сите своите податоци на компјутерот кога го предледувал својот профил на Фејсбук (со вистински податоци). Така истиот ден полицијата му тропнала на врата и го уапсила него и неговиот партнер.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...