Tuesday, 09 July 2013 16:57 Технологија

Garmin, компанијата за изработка на уреди за навигација го претстави HUD (head up display) - пренослив екран, кој се поврзува со информациите од паметни телефони и се проектира директно на ветробранското стакло...



Овој уред прикажува информации како на пример насока на патување, растојание до дестинацијата и следното свртување, моментална брзина и предупредува кога е потребно ограничување на брзината, ве предупредува кога да се престроите на друга коловозна лента. HUD се поврзува со паметните телефони преку Bluetooth со посебна апликација од Garmin (имаат достапни апликации за iPhone, Android и Windows Phone 8).

Освен прикажување на информации на стаклото, има и гласовна навигација преку звучниците на вашиот паметен телефон или звучниците од автомобилот. Благодарение на HUD возачите ќе бидат побезбедни и нема да мораат постојано да го оттргнуваат видот од патот на уредот за навигација или паметниот телефон, туку овие информации ќе бидат прикажани на стаклото пред нив.

HUD нуди повеќе навигациски детали со слични уреди, што ќе бидат особено корисни на големи раскрсници и „други опасни ситуации во сообраќајот“.

На одредени пазари HUD ќе ги информира возачите и за локациите на безбедносните камери и сообраќајниот метеж, па како што ќе се прилагодува уредот автоматски на надворешните услови, сите информации ќе бидат јасно видливи и на силна сончева светлина и ноќе.

Тим Едвардс од аналитичката компанија „Mira“ изјавил за BBC дека се повеќе автомобилски компании развиваат вакви уреди, но проблемот е во тоа што кога ги вградуваат во возилата, тешки се надоградуваат, така што овие преносни HUD уреди се „поинтересни“ од овој аспект.

Овој уред излезе на продажба во САД со цена од 130 долари, а со него треба да купите и картичка за паметен телефон, кој се поврзува со HUD со чија помош ќе се прикажуваат информациите на стаклото.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...