Friday, 05 July 2013 17:09 Технологија

Околу земјата има слој наречен плазмасфера во облик на американска крофна, а сега е откриено дека ветрот дува надвор од неа, во вселената...



Пред повеќе од 20 години, научниците претпоставуваа дека постои ветар во вселената, односно стабилна низа на наелектризирани честички во магнетосферата на Земјата. Тоа е дел од универзумот во кој се наоѓа магнетното поле на Земјата. По долги години на теоретски истражувања, Јанис Дандурас, астрофизичар од Универзитетот во Тулуз, на директен начин го откри плазма ветерот, анализирајќи ги податоците од вселенското летало Cluster од Европската вселенска агенција.

Тоа ладно ветре е составено од честички од веќе споменатите плазмасфери, кои не остануваат секогаш само во тоа подрачје, туку успеваат да избегаат во магнетосферата, која ги опкружува уште пооддалечените области околу Земјата, пишува popsci.com.

Ветерот во плазмасферата настанува поради нерамнотежа помеѓу гравитациските, центрифугалните сили и силите од притисокот, и во магнетосферата секоја секунда исфрла околу 1 килограм честички со брзина од над 5.000 км на час. Ветрот е секогаш активен, а поради него плазмасферата губи околу 90 тони материјал секој ден.

Сепак, плазмасферата ги обновува честичките од пониските делови на земјината атмосфера. Овој процес е многу сличен со нашата добро позната поговорка - „префрлање од шупливо во празно“.

Многу веројатно е дека другите планети имаат слични ветрови, кои ги пренесуваат честичките од нивната атмосфера во вселената.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...