Thursday, 04 July 2013 17:28 Технологија

Скршениците на екстремитетите се болно и крајно непријатно искуство, поради гипсот што мора да го носите за време на рехабилитација...



Тоа ве прави полу-ефикасен и немате волја за ништо. Човек од Нов Зеланд сака да му стави крај на сето тоа, поради што направил нов вид на слој кој ве штити од скршени екстремитети.



Џејк Евил од Велингтон, спасувајќи го својот пријател во тепачка, завршил со скршена рака и гипс, кои морал да ги носи неколку месеци. Тогаш сфатил колку е неудобен гипсот и колку го ограничува. „Завиткување на рацете во 2 килограми смрдлив гипс, кој ја иритира кожата ми се чинеше како архаичен метод“, рекол тој, пишува Wired.



Инаку Евил е дизајнер по професија, затоа одлучил да го реши овој проблем на свој начин и дизајнирал своја верзија на заштитни облоги за скршени раце. Облогата ја нарекол „Cortex Cast“ и буквално ја испишал со 3D печатач. Иако се уште станува збор само за концепт, Евил направил егзоекелетна облога, која се става само на местото на повредата, многу лесна, провидна, цврста и може да се пере се додека се носи на рака. Внатрешната структура на коските му послужила за дизајнот на облогата „Cortex Cast“.



Значи, пациентите кои завршуваат во болница поради скршеници, според идејата на Евил, освен рентгенски снимки ќе треба да им направат и 3D скенирање на повредениот екстремитет и така да се добие совршена протеза, со само 3 мм дебелина и тешка под 1 кг.



Интересно е тоа што Џејк го направил својот 3D скенер со хакирање на Xbox Kinect технологијата. Многу мудро од негова страна.

Тој вели дека неговиот проект е се уште во фаза на развој моментално бара материјал што најмногу ќе одговара за изработка на овој „гипс“ во иднина, како и понатамошниот процес на 3D скенирање. Згора на тоа, Евил бара и инвеститори и партнери. Идејата изгледа многу добро, но прво треба да се провери како ќе функционира во пракса.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...