Thursday, 04 July 2013 16:54 Технологија

Иднината на европското цивилно воздухопловство на новата генерација е пред вратата, конзорциумот EADS ја презентира храбрата идеја за патнички авиони и ја нарече E-Fan...



Секстет електрични турбини и конвенционалните млазни мотори го прават E-Fan уникатен хибриден концепт на патнички авион, кој не само што привлекува внимание со техничките спецификации, туку и изгледот му е моќен.

Концептот EADS е претставен на неодамнешниот париски состанок за воздухопловство, а треба да се оствари до 2050 година. Претставен е начинот на работењето на овој концепт, наречен E-Thrust, кој EADS го изработил во соработка со производителот на мотори Rolls-Royce, пишува Wired.

Преуредување на концептот на работењето

Идејата позади начинот на работење на E-Thrust е тоа што тој користи 6 електрични турбини, кои даваат потисок, додека со електрична енергија се напојуваат со посебен мотор во задниот дел, кој работи со нормално гориво и кој се пали додека авионот е на т.н. „cruise“ надморска височина. Кога му треба дополнителна енергија, тогаш користи батерии, кои на електричните турбини им обезбедуваат доволно енергија за полетување и слетување.

Во крилата на авионот се наоѓаат 6 турбини и се значително помали за разлика од класичните модели, кои поради големината мораат да висат под крилата, а класичниот мотор се наоѓа во опашката. Всушност, поентата е тоа што авионите со млазно работење добиваат само дел од нивниот потисок преку млазниот мотор, а поголемиот дел од турбината во предниот дел на авионот, кој го забрзува воздухот е како пропелер. E-Fan така ќе ги управува само таквите турбини,а класичниот мотор ќе служи само како како извор на електрична енергија за нив.

Проверете го целиот концепт на ова видео.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...