Некаде на море на преполна плажа мајката го предупредува своето синче коe штотуку влегло во водата: - "Ивица, немој да одиш на многу длабоко, да не те фати грч!" Слушнала плавуша која се сончала во близина па и таа го предупредува својот син: - "Перица, немој да одиш на длабоко, таму има грчеви!"
Оваа или следната година се очекува презентација на неколку модели од паметни часовници на најголемите мобилни компании, а Sony го претстави својот адут на пазарот за првпат...
Многу аналитичари веруваат дека следното големо нешто во технологијата на пазарот ќе бидат паметните часовници, кои ќе ги поврзуваат со мобилни уреди и ќе ги прикажуваат најважните информации од паметни телефони и таблети. Иако се пишува многу за новите часовници на Apple, Samsung и Google, што допрва треба да дојдат, Sony ги има овие уреди веќе некое време во својата понуда, а денес на компанијата го претстави новиот модел на паметен часовник - SmartWatch 2.
Овој уред има екран со дијагонала од 1,6 инчи, 220x176 пиксели резолуција, изработен од алуминиум и пластика, кој преку Bluetooth ќе може да се поврзе со таблети и паметни телефони што работат на Андроид, верзија 4.0 и поновите, но нема да можат да се поврзат со телефоните и таблетите на Apple. SmartWatch 2 е компатибилен со многу популарни услуги. Тој ќе може да прикажува различни известувања - СМС пораки и повици, пораки од Фејсбук, Твитер и Gmail, а преку него ќе може да се управува и со музиката на телефонот, преглед на временска прогноза, контакти од адресарот и слично.
Со часовникот ќе може да се користи и за активирање на камерата на телефонот. Од Digital Trends кажуваат дека со текот на времето можеме да очекуваме дека на Google Play ќе се појават бројни апликации, кои ќе донесат нови можности за овие часовници. Батеријата на SmartWatch треба да издржи 6 дена ако се користи малку, односно 4 дена со просечнаупотреба. Од Sony се уште нема најави за цената на часовникот, кој на пазарот се очекува да излезе во септември.
Освен паметниот часовник, Sony денес го претстави и еден од најголемите phablet на пазарот - Xperia Z Ultra, чија дијагонала на екранот е до 6,4 инчи (Full HD резолуција), тенок само 6,5 мм.
Овој телефон работи со моќен 2,2 GHz, 4-јадрен процесор (за кој во Sony кажуваат дека е најбрз во светот), има 16GB меморија која може да се прошири со мемориски картички со капацитет до 64GB, 8MP камера, моќна батерија и поддршка за LTE. Овој модел е водоотпорен и отпорен на прашина.
Берзанските аналитичари веруваат дека во иднина може да очекуваме зголемена побарувачка за вакви phablet, однсоно хибриди помеѓу паметните телефони и таблети, а во наредните неколку месеци може да очекуваме и нови phablet-и од Samsung, HTC, Nokia и други компании.