Monday, 24 June 2013 17:23 Технологија

Волво групацијата има развиено феноменален концепт за самостојно паркирање,а еве ви ги првите детали...



Концептен автомобил, кој ќе биде претставен пред медиумите следната недела, самостојно бара слободно паркинг место и сето тоа го извршува без асистент возач. Паметниот автомобил без возач во исто време комуницира и со други автомобили и пешаци кои се наоѓаат на паркингот.

„Автономно паркирање е концептуална технологија, која го ослободува возачот од потреба да бара бесплатен паркинг простор. Возачот едноставно го остава автомобилот на влезот на паркингот и подоцна се враќа по него“, истакнува Томас Броберг, постар безбедносен советник во Волво групацијата.

Vehicle 2 Infrastructure теходнологијата, односно предавателите во патната инфраструктура, го предупредуваат возачот кога услугата е достапна. Возачите преку апликација на мобилен телефон го активира системот за самостоен паркинг и безгрижно се оддалечува од возилото. Потоа автомобилот со помош на сензор наоѓа слободно паркинг место и се паркира. Постапката со обратен редослед се извршува кога возачот се враќа по неговиот автомобил.

Целта на Волво е да го превземе водството во областа на автономно возење.

„Автономното паркирање и технологијата за самостојно возење во колона се уште се во процес на развој. Сепак, првиот чекор во областа на автономното возење ќе го направиме со презентација на системот на самоуправување во следната генерација на XC90, која пристигнува на крајот на 2014 година“, дообјаснува Броберг.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...