Tuesday, 18 June 2013 17:33 Технологија

Фејсбук се очекува да воведе нова опција на Instagram - споделување на видеа...



Иако нема официјални информации од компанијата на Цукерберг, се очекува овој четврток да го најават новиот производ на прес-конференција.

Откако неодамна  Фејсбук овозможи користење на hashtag на нивната социјална мрежа, можноста за споделување на видеа преку Instagram ќе биде уште еден голем удар врз социјалната мрежа Твитер.

Пред неколку недели се појавиле шпекулации дека вработените во Фејсбук тестираат нови опции за споделување на видео клипови преку Instagram. Според ова, корисниците ќе можат да снимаат малку подолго видео од Vine (Vine може до 6 секунди најмногу) во времетраење помеѓу 5 - 10 секунди и да го споделите на Instagram. Се уште нема информации дали за видеото ќе има опција за филтри, кои ќе послужат за разубавување на видеото.

Vine на Твитер стана екстремно популарен, а бројот на корисниците постојано расте (особено откако стана достапен и за Андроид). Високи се очекувањата и од Фејсбук, со оглед на тоа што Instagram има над 100 милиони корисници, јасно е дека моментално постои голема корисничка база, која ќе ги споделува видеата преку оваа мрежа и која веројатно дополнително ќе се зголемува.

Освен шпекулациите за Instagram, на интернет кружат и гласини дека компанијата се подготвува нова услуга, која ќе го замени Google Reader. Google пред неколку месеци најави исклучување на својот популарен сервис за следење на вести, што наиде на бројни критики од многу корисници.

Google Reader се исклучува на почетокот на јули, па Фејсбук ќе може да воведе свој сервис, кој ќе овозможи полесно следење на нови вести преку социјалната мрежа, а со тоа ќе ги привлече и корисниците кои досега следеле вести преку Google Reader.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...