Saturday, 08 June 2013 16:32 Технологија

По веста дека Моторола почна да развива посебни тетоважи и таблети, стигна вест и дека лозинките ќе може да се заменат и со гримаси...



Google оваа недела пријави патент за софтвер, кој ќе служи за препознавање на лице. Ќе го скенира изразот на лицето и ќе го спореди со постоечки фотографии од базата на податоци за проверка на автентичност, пишува Хафингтон Пост.

Значи, секогаш кога софтверот ќе побара идентификација, корисникот мора да направи гримаса која ги вклучува движењата на очите, веѓите, усните, челото и носот. Но, поради сигурност се предлагаат намигнување, движење на веѓите, мрдање на носот и „кривење“ со јазикот.

Скенирањето на лицето за потврда на идентитет не е ништо ново. Google укажува дека ова е техника за да се спречи неовластен кориснички пристап на уреди кои не им припаѓаат на луѓето.

„Хакерот може да го измами компјутерот со едноставна слика, но секој од нас на посебен начин ги менува изразите на лицето и има уникатни изрази, кои дури ниту најпаметните нема да можат да ги имитираат, барем теоретски“, изјавила Ребека Гринфилд од Atlantic Wire.

Од Google се уште го очекуваат одобрувањето на овој патент, затоа не сакаат да коментираат никакви детали.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...