Thursday, 06 June 2013 16:28 Технологија

Моторола развива посебни тетоважи и таблети со чипови, со кои ќе можеме влеземе на мејл, за интернет банкарство и.т.н...



Со оглед на тоа што се појавуваат се повеќе безбедносни проблеми на интернет, многу компании воведоа опции за проверка во два чекори, при што за пристап до мејл или било кој онлајн сервис, со лозинката е потребен и посебен код кој се испраќа на мобилниот телефон.

Во Моторола веруваат дека во иднина нема да има потреба ниту од код, ниту од било каква шифра, туку за што повеќе бројни онлајн услуги, мејл, интернет банкарство и слично, ќе можеме да пристапиме со посебни електронски тетоважи и таблети. Тетоважите ќе бидат вградени во нашето тело или таблета за голтање во која ќе има вграден чип и со нив ќе се потврдува нашиот идентитет.

Моторола веќе некое време соработува со компанијата MC10 - за изработка на електронски и флексибилни тетоважи, кои ќе содржат  антени и сензори. Ќе може да се користат како налепници на раката или рамото и ќе се користат како лозинка за паметни телефони или компјутери.

Од Хафингтон Пост пишуваат дека за оние корисници кои не сакаат да носат ваков вид на тетоважи, Моторола подготвила „витаминска автентификација“ - таблета која ја активира стомачната киселина и која, како што изјавува Регина Дуган од Моторола „целото ваше тело го претвора во автентичен токен“.

 



Овие таблети првично биле развиени за медицински цели и се одобрени од регулаторните органи, а Моторола веќе успешно ги тестирала и како систем за автентификација на паметен телефон, но сепак не треба да очекуваме дека таквите таблети и уреди наскоро се појават на пазарот.

Со овие тетоважи и пилули нема да мора да ги запаметите или запишувате вашите лозинки, туку преку нив ќе се поврзувате со користење на лозинките што буквално ги носите на себе или во себе.

Сепак, се прашуваме кој наутро би испил ваква пилула или ќе стави тетоважа (да не зборуваме какви видови на опасности ни се закануваат со такви апчиња и тетоважи - од потенцијални здравствени проблеми за контрола, следење, и.т.н.) кои ќе емитираат сигнали преку кои цел ден ќе имаме полесен пристап до разни услуги без внесување на лозинка. Веруваме дека поголемиот дел од интернет корисниците се уште преферираат да памтат комплицирани лозинки, отколку да го користат вакви уреди.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...