Saturday, 01 June 2013 16:28 Технологија

Некои земји веќе развиваат роботи убијци, кои нема да управуваат луѓето, туку самостојно ќе одлучуваат кого ќе убијат...



Модерната технологија - роботите и беспилотните летала се користат во војна,  кои се управуваат од места оддалечени илјадници милји кога ги напаѓаат Пакистан и Авганистан. Наместо војници, се испраќаат специјално дизајнирани мали роботи.

Сегашните роботи и беспилотни летала напаѓаат само цели што ќе ги одреди војската. Сепак, некои земји како што се САД, Велика Британија и Израел (а веројатно и Кина и Русија) развиваат т.н. „смртоносни автономни роботи“, со кои не управуваат луѓе на бојното поле, туку тие самостојно донесуваат одлуки.

Очигледно постои опасност од вакви роботи, затоа што на бојното поле освен непријателски војници може да убијат и цивили, а ако се надвор од контрола можат да ги убијат и своите војници. Советот на ОН дебатираше неделава за употребата на вакви роботи убијци. Професорот Кристофер Хејнс изработил специјален извештај, кој предложува мораториум за донесување на одлуки за користење на „автономни роботи“.

Во својот извештај наведува дека роботите немаат морал и не можат да размислуваат, како и дека не треба да имаат привилегија за да одлучуваат за животот и смртта на луѓето. „Војна без размислување може да доведе до механички масакр", додал Хејнс. Тој предупредува и за прашањето за правната одговорност на роботот, кој може да убие голем број на луѓе, затоа што нема да добиваат наредба од луѓето, туку сами ќе одлучуваат за воените акции. Одговорноста на крај ќе биде ничија.

Истовремено, предностите на овие роботи може да ги злоупотребат репресивни држави за спречување на немири и протести. „Сакаме ли да живееме во свет каде што може да не убиваат роботи, кои носат одлука врз основа на алгоритам, без разлика дали жртвите ќе бидат војници или цивили?“, го цитирале Хејнс од ABC News, кој дал се од себе за да укаже на многу опасности што ни се закануваат ако им овозможиме на роботите да донесуваат одлуки за убиства.

Земјите што веќе развиваат вакви роботи се обврзале дека нема да ги користат одредено време во иднина, па американското Министерство за одбрана донела одлука со која се забранува користење на автономен робот убиец во текот на следните 10 години - освен ако некој висок официјален претставник не донесе посебна одлука за нивно користење.

Хејнс додава дека одлуката за 10-годишната забрана за употреба на роботите, била донесена во САД како резултат на недостатоците на оваа технологија. Тој предупредува дека постојат и „многу моќни сили“ од технолошката и финансиската индустрија, кои имаат интерес за што ќе се појави пред да излезе на бојното поле, затоа што од нив можат да заработат големи пари.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...