Tuesday, 21 May 2013 19:48 Технологија

LG ќе ги претстави своите извиткани и некршливи екрани за паметни телефони...



Samsung и LG веќе подолго време работат на флексибилни екрани, кои треба да им овозможат нов дизајн и нови начини за користење на паметни телефони и таблети. На CES саемот, на почетокот на оваа година, Samsung ги претстави екраните наменети за мобилни уреди, кои можат да се виткаат и го прикажале првиот прототип телефон со закривен екран, а од LG вчера најавиле дека неделава на конференцијата на SID во Ванкувер ќе ги покажат своите извиткани екрани.

Од овие компании објавиле дека екраните ќе бидат „некршливи и извиткани“, изработени од пластика и нивната дијагонала ќе изнесува 5 инчи, истa како дијагоналата на некои од најдобрите паметни телефони на пазарот, како на пример  Galaxy S4 i Sony Xperia Z. Кај LG особено го нагласуваат квалитетот и некршливоста на овие екрани, додавајќи дека како што телефоните се повеќе се користат денес, така има и зголемен ризик од оштетување на телефоните и екраните поради падови и удари. Освен свиените екрани, LG го најави и лансирањето на новата серија на телевизори, кои ќе имаат криви екрани.

На  Huffington Post предупредуваат дека треба да помине повеќе време додека да се појават паметните телефони со извиткани екрани - еден од проблемите е тоа што нивното производство е се уште премногу скапо, а другиот проблем се останатите компоненти како батериите и потребата од друг вид на хардвер, кои не можат да се извиткуваат.

Сепак, јасно е дека големите компании во иднина се насочуваат кон развој на такви уреди. Флексибилните екрани целосно ќе го променат дизајнот на паметните телефони и таблетите, така што за неколку години (се слушаат некои гласини и за крајот на оваа година) телефоните со големи екрани ќе може едноставно да ги свиткаме и да ги ставиме во џеб и нема да ни заземаат голем простор.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...