Saturday, 18 May 2013 18:15 Технологија

iPhone 5 и Galaxy S4 се моментално двата најпопуларни мобилни телефони на пазарот...



Голем број на корисници при избор на нов мобилен телефон, размислуваат само за iPhone или последниот модел на Galaxy S4. За да ви помогнеме и вам, ви нудиме да разгледате кои интересни опции ги има Samsung Galaxy S4 , а ги нема iPhone 5.

Иако во текот на изминатите неколку месеци се претставени уште неколку модели кои ќе се натпреваруваат за титулата „најдобар smartphone“, како на пример Sony Xperia Z и моделот на HTC One, iPhone 5 и Galaxy S4 се се уште најпопуларни, што јасно се гледа по рекордната продажба во споредба со нивната конкуренција.

Samsung неодамна го претстави Galaxy S4 со нови и интересни опции, а Apple најверојатно во септември ќе го претстави новиот iPhone. Според гласините, iPhone нема да направи некои големи промени на сегашниот модел на iPhone 5.

Секој од овие телефони има свои предности. На пример, љубителите на Apple ќе кажат дека iPhone е подобро изработен, има подобар оперативен систем и слично, додека корисниците на новиот Samsung Galaxy S4 е подобар бидејќи има поголем екран, подобар хардвер, интересни опции за управување на камерата и многу други предности.

На Business Insider наброиле 10 опции кои има Galaxy S4, а ги нема iPhone 5. Затоа ќе биде интересно да видиме дали Apple ќе презентира некои од опциите на Samsung во новиот модел што во моментов се подготвува.

Далечински управувач - Galaxy S4 може да се користи како далечински управувач за телевизор, а има и посебна апликација во телефонот, која на корисниците може да им препорача ТВ содржина.

NFC (Near Field Communication) - преку NFC, односно преку опцијата за „поврзување на мали растојанија“, Samsung корисниците можат да се поврзат со други уреди и да разменуваат содржина со два телефони истовремено. Исто така, оваа опција се користи и за мобилно плаќање.

Проширена меморија - за разлика од iPhone, Galaxy S4 има слот за microSD мемориска картичка, така што количината на внатрешна меморија може да се прошири и корисниците нема да се зависни само од меморијата на телефонот.

Заменлива батерија - поради краток век на батеријата на денешните паметни телефони, многу корисници ќе ја ценат можноста за замена на батеријата.

Full HD видео - новиот Galaxy S4 може да продуцира Full 1080p HD видео записи.

Голем пет инчен екран - се повеќе корисници сакаат телефон со голем екран, а екранот на Galaxy S4 од 5 инчи е поголем за разлика од екранот на iPhone 5, чија дијагонала на екранот изнесува 4 инчи.

Групно играње - корисниците на оваа опција, безжично можат да го поврзат својот телефон да споделуваат игри, слики и музика.

Напредни опции на камерата - во Samsung посветиле големо внимание на опциите на камерата, така што може да се направи и анимирана фотографија GIF, каде може да се додаде и звучен запис, да се отстрани содржина од сликата и слично.

Smart Stay - оваа опција со помош на предната камера го следи погледот на корисниците и го спречува екранот да потемни се додека погледот на корисникот е насочен кон екранот.

Микро USB порт - iPhone има посебен осветлувачки конектор, додека Galaxy S4 има микро USB port за поврзување со компјутер и други компоненти.

 

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...