Saturday, 18 May 2013 16:45 Технологија

Кражба на податоци од банкомати е метода преку која хакерите доаѓаат до доверливи информации и милиони суми на пари...



Валентин Боанта, осуден хакер измислил уред кој ќе го заштити светот од технолошките криминалци како него. За само 5 месеци зад решетки, направил апарат што ги штити сите банкомати од кражба на податоци од картичката.

„Видов различни банкомати, имаат застарени конструкции и затоа се несигурни, тие се најслабата алка во системот на банките“, рекол осудениот хакер Валентин Боанта.

Пронајдокот на осудениот хакер го привлекло вниманието на романска компанија, по што наскоро го купила изумот на Валентин.

„Откритието на Валентин го менува аголот кога картичката влегува во банкомат. Овој пат нема да ја ставаме картичката од пократката страна, туку од подолгата. Внатре ротира за 90 степени.“, рекол Мирсеа Тудор, претседател на МБ Телеком.



Деловна тајна е начинот на работа на овој уред. Валентин бил осуден на 5 години затвор за хакирање на банкарски картички. Тоа бил момент на пресврт во неговиот живот, по што одлучил да тргне по друг пат.

„Бев среќен кога ме фатија, ми олесна. За мене криминалот беше како дрога, адреналинска зависност. Потоа почнав да развивам безбедносни системи, се пренасочив на тоа“, рекол Боанта.

Претседателот на МБ Телеком рекол дека Боанта заслужува признание за неговата работа. „Тој го подобри имиџот на Романија во светот и секако ќе ни се придружи во нашиот тим кога ќе излезе од затвор“, додал тој.

Романски хакери минатата година украле милијарда долари од американски сметки. Според истражувањето, Романија е најголем хакерски центар после Кина. Дури и ФБИ поставиле таму своја канцеларија, за да им помогнат на романските служби во борбата против сајбер криминалците.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...