Friday, 17 May 2013 16:54 Технологија

На Светското првенство во фудбал 2014 ќе се користат роботи за обезбедување, кои Американците ги користеле во Ирак и Авганистан...



Следната година во Бразил ќе се одржи Светското првенство. Поради високата стапка на криминал, еден од најголемите проблеми на организаторите и ФИФА, е безбедноста на играчите и посетителите. За заштита на сите учесници на настанот, организаторите инвестирале голема сума на пари. Купиле сет на опрема за видео надзор, нови хеликоптери и израелски беспилотни летала.

Најголемата атракција кај Бразилците во борбата против хулигани и банди, ќе бидат роботите што биле користени од американската армија во Авганистан и Ирак, за надзор во внатрешноста на нуклеарната централа во Фукушима.



Како што е соопштено во Mashable, Бразил нарачал триесет PackBot 510 роботи од компанијата iRobot, кои чинат помеѓу 100 и 200 илјади долари. Вкупниот договор кој вклучува набавка на роботи, резервни делови и одржување, изнесува 7.2 милиони долари.

Овие роботи се управуваат со далечински управувач и се опремени со камери. Нивната функција е да „бараат несигурни објекти и простори“, кои за разлика од полицијата и обезбедувањето, ќе можат да им пријдат и на потенцијално опасни објекти и предмети.

PackBot 510 роботите ќе бидат опремени и со специјални очила со камери, кои ќе можат да препознаваат лица и ќе можат да снимаат до 400 фотографии во секунда

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...