Tuesday, 09 April 2013 15:39 Технологија

WhatsApp ги демантираше интернет шушкањата дека компанијата Google преговара со нив за аквизиција, односно спојување на WhatsApp и компанијата Google.

На интернет на седми април се појави веста дека Google е во преговори со сопствениците на WhatsApp за купување, а споменета е и цифра од дури милијарда долари! Изгледа дека од тоа (барем за сега) нема ништо.

Веста ја демантираше директорот за развој на WhatsApp, Нирај Арора, кој рече дека компанијата не води никакви преговори со компанијата Google и дека е сконцентрирана на унапредување на апликацијата.

Порталот AllThingsD пренесува дека, дури и ако има некои најави во тој правец, тоа сигурно нема да го најави никој друг освен директорот на WhatsApp, Јан Коум, па ни советува дека изјавата на директорот за развој, сепак, да не ја сфаќаме здраво за готово.

Доколку WhatsApp и Google навистина преговараат, тоа би можело да биде обелоденето на D: Dive Into Mobile интернет конференцијата која ќе се одржи следната недела во Њујорк.

Ќе видиме, дали некој од чиста мира ја измислил веста за купувањето на WhatsApp...

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...