Thursday, 10 January 2013 17:11 Технологија

Да, но iPhone мини! Нови информации велат дека компанијата Apple планира мини моделот на пазарот да го исфрли сепак во текот на оваа година, по цена од 99 до 149 долари.

Наместо еден iPhone мини модел, Apple работи на неколку достапни смартфони уште од февруари 2011 година. Според информациите, овие уреди би требало да се појават кон крајот на оваа година, а има навестување дека луѓето од Apple разговарале со најмалку еден американски оператор за бежичен интернет за своите планови.

Раководителите на компанијата Apple биле прилично заинтересирани за правење на поевтин модел со поевтини делови, за да одговорат на барањата на пазарот во развој. Подостапните iPhone телефони би и помогнале на компанијата да го задржи чекорот со останатите произведувачи на паметни телефони, како што е Samsung кој користи Android оперативен систем.

Спред IDC фирмата, Android се наоѓа на 75% од сите испорачани паметни телефони во третиот квартал, во однос на 15% колку што сочинува iOS на Apple.

Директорот на компанијата Apple, Тим Кук кажал дека Кина е приоритет, затоа што компанијата генерирала 5,7 милијарди долари од продажба во таа земја во периодот јули-септември 2012 година, а само за викендот кога iPhone 4S излезе на пазарот, продадени се повеќе од два милиони од тие уреди.

Поевтини верзии на iPhone телефони би претставувале стратешки потег за Apple, кој досега се обдиуваше да дојде до поштедливите купувачи намалувајќи ги цените на постарите модели. По претставувањето на моделот iPhone 5, претходниците 4 и 4S продолжија да се продаваат по намалени цени.

Овие уреди би користеле поевтини делови и би биле помали од постоечките модели, велат извори блиски на компанијата, а Apple разгледувал и поприлагодливи верзии кои би работеле на повеќе бежични мрежи.

До сега Apple има продадено повеќе од 270 милиони iPhone уреди ширум светот, а тие смартфони генерирале околу 80,5 милијарди долари од продажба минатата година.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...