Monday, 31 December 2012 18:31 Технологија

Компанијата Lenovo претстави нова линија конвертибилни уреди дизајнирани за оперативниот систем Windows 8 и Windows RT.

IdeaPed Joga 11 е најтенкиот multi-mode компјутер на светот со големина 15,6 mm, а го карактеризираат екран од 11,6 инчи и батерија која трае 13 часа. Опремен е со NVIDIA Tegra 3 - единствен процесор со четири јадра за Windows RT - што на корисниците им овозможува гледање на HD филмови, играње на забавни игри, поврзување и продуктивност со Microsoft Office апликации.

IdeaPed Joga 13 поседува зглоб кој му овозможува на уредот единствено свртување за 360 степени и преклопување на лаптопот во таблет со едно единствено движење. Поддржан од силната трета генерација процесори Intel Core и оперативниот систем Windows 8, Joga 13 овозможува извршување на задачи на ниво на лаптоп компјутер, без успорување, благодарение на рамката од 16,9 mm како и батеријата која трае осум часа.



Со свртување на зглобот, лаптопот Joga 13 се претвара во таблет опремет со богати аудио-визуелни содржини, како што е Dolby Home Theatre, а видеото се гледа на неогвиот 13,3 IPS екран со висока резолуција, кој овозможува светла позадина и живописни бои.

Дополнителните предности на лаптопите Joga 13 и 11 се можноста за користење на целосно нови начини - можат да се претворат во Stand1 така што тастатурата се свртува зад екранот за да се гледат филмови и слики, или да се стави во исправена положба како Tent 2 за да се играат игри или да се користи video chat.

TinkPed Twist со големина од 12,5 инчи, поседува процесори од Intel Core i7 со Windows 8 Pro генерација, како и голема можност за чување на податоци на SSD дискови до 500 GB или 128 GB. Корисниците можат да работат со часови со батерија која трае речиси цел ден и да се вратат од stand by состоја брзо на таблет.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...