Thursday, 09 June 2011 11:49 Шоу Бизнис

Британската пејачка му фрли око на принцот Хари, и покрај нејзината заклетва дека „никогаш нема да излезе со црвеноглав“...


Таа еднаш се заколна дека никогаш нема да излегува со маж со црвена коса. Но, изгледа дека Адел е подготвена да направи исклучок во случајот со принц Хари.

Пејачката призна дека „го гони“ посакуваниот принц затоа што мисли дека неговата наклонетост кон журкање ќе и обезбеди „добар помин“.



Во јулското издание на списанието Glamour, Адел признава: „Знам дека реков дека не би изгледла со црвеноглав, но тоа е принц Хари. Би била вистинска војвотка тогаш! Би сакала да излезам некоја вечер со него. Тој изгледа како вистински шегобиец!“



Таа исто така изјави: „Сега сум слободна. Но, добивам многу повеќе внимание. Ако бев машко, ќе го злоупотребев тоа. Излегов на неколку состаноци со познати личности, но не ми се допаѓа тоа. Излегувате и сите само зјапаат во вас.“



Исто така призна дека и се допаѓаат мажи во костуми и момци што носат боксерки и рече дека наспроти вкоренетото верување дека момците се едноставни, таа не верува во тоа и дека ги смета за доста комплексни и сложени.

Се прашуваме што би рекол принцот Хари на оваа изјава?

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...