Thursday, 19 May 2011 09:37 Шоу Бизнис

Контроверзната пејачка Лејди Гага ја собори ток-шоу кралицата Опра Винфри од тронот на "Форбс" листата на 100 најмоќни славни личности...


Лејди Гага во однос на минатогодишната листа се искачила за четири места, додека Опра, која лани е прогласена за најмоќна ѕвезда, оваа година е прогласена за втора.

"Лејди Гага ја собори Опра оваа година благодарение на својата моќ кога се во прашање социјалните мрежи. Користи Твитер и Фејсбук за да собира 'мали чудовишта'. Таа е најдобриот пример за тоа како ѕвездите треба да ја водат својата кариера во наредните години", рекла Дороти Померантз, уредничка на Форбс. Лејди Гага неодамна станала ѕвездата со повеќе од 10 милиони следбеници на Твитер, а на својата Фејсбук страница има 32 милиони фанови.

Зад Опра, која завршила со своето шоу по 25 години, се нашол 17 годишниот Џастин Бибер. Тој е најмладата личност која се нашла на листата, а дебитирал на високото трето место на листата на славни. Четвртото место го зазеле U2, а петти Елтон Џон. Меѓу Топ 10 на листата се нашле Тајгер Вудс, Тејлор Свифт, Бон Џови, Сајмон Ковел и Леброн Џејмс.

Нови на листата се Кети Пери (12-то место), Кристофер Нолан (47 место) и натали Портман (75 место). Најголем скок во однос на минатата година е Леонардо диКаприо кој се искачил на 15-то место. АНџелина Џоли е 11, ЏОни Деп 13, Коби Брајант 14, групата Black Eyed Peas 16, Доналд Трамп е на 17-то место, а на 20-то место е Пол Макартни.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...