Saturday, 23 April 2011 10:04 Шоу Бизнис

Холивудскиот актер против кого е поднесена приава за физичко насилство врз неговата поранешна девојка, проговорил за "лудачките" телефонски повици во кои на Оксана Григориева и се заканува со убиство...


Ѕвездата од филмовите "Лудиот Макс" и "Смртоносно оружје" Мел Гибсон (55), дал ексклузивно интервју на весникот "Deadline Hollywood" во кој за прв пат проговорил за случувањата поради кои станал еден од најомразените актери во Холивуд.

"Се каам поради се што реков во телефонските повици, но пола од работите кои се слушаат во снимките се "наместени". Се чувствувам изневерено, кој очекува некој да го снима? Кој такво нешто може да замисли...каква изневерување?", рекол Гибсон говорејќи за снимките на кои се слушаат расистички навреди и закани со смрт од страна на актерот.

"Морате таквите мои изјави да ги ставите во одреден контекст. Овде зборуваме за расправија, која води до ирационално однесување, растројство и желба да се излезе од нездрава врска", рекол Гибсон и додал дека тоа е "единствениот ужасен момент во времето", а не начин на кој тој ги третира сите луѓе околу себе.

Гибсон додал дека не чувствува омраза кон другите луѓе, откако снимката се појавила во јавноста, но е свесен за фактот дека многу луѓе тоа го почувствувале. "Нема да ми биде жал ни ако повеќе не играм во ниту еден филм, но сепак ќе се пофалам со поедини колеги кои стоеја во моја одбрана, како што се Вупи Голдберг, но не им замерувам и на оние кои тоа не го направија".

Мел Гибсон со нагодбата со адвокатите на Оксана успеал да избегне затворска казна, но затоа добил 3 години условна и обврска да поседува курс за сузбивање на лутина.

"Решив да ја прифатам кривицата на судот, само за да заврши ова што е можно побрзо", изјавил Гибсон.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...