Tuesday, 19 April 2011 02:46 Шоу Бизнис

Американскиот актер Николас Кејџ уапсен е во сабота во Њу Орлеанс под дејство на алкохол...


Четириесет и осум годишниот актер е приведен околу 23:30 по локално време и е задржан во притвор поради сомнеж за семејно насилство, нарушување на јавниот ред и мир и пијанство на јавно место, соопшти портпаролот на полцијата Гери Флот.

Брачниот пар стоел пред куќата за која Кејџ тврдел дека е таа која сакале да ја изнајмат, додека неговата сопруга го вели спротивното.

По бучната караница актерот ја зграпчил жената за раката и ја одвлечкал кон зградата за која мислел дека ја изнајмиле, рекол Флот.

По тоа, почнал да удира на улицата и влегол во такси. Стигнал полицаец и побарал од Кејџ да излезе од таксито, на што актерот почнал да вика на полицаецот. Полицијата потоа го привела.

На сопругата на Кејџ немало видливи трагови од злоставување, наведува полицијата. По платената кауција, актерот е пуштен на слобода, а судењето е закажено на 31 мај.

Иако е еден од најдобро платените актери во Холивуд, Кејџ има финансиски проблеми поради лошите инвестиции и прескапиот стил на живот, порад што, за да го плати данокот, мораше да продаде добар дел од својот имот.

Два пати беше номиниран за Оскар, а го доби дури во 1995 година за филмот Leaving Las Vegas во кој отелотвори пропаднат алкохоличар.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...