Sunday, 03 April 2011 16:20 Шоу Бизнис

Сопругата на Вил Смит, Џејда се брани од критиките кои публиката и ги упатува нејзе и на нејзиниот сопруг...


Децата на познатиот пар, Џејда Пајнкет и Вил Смит, Џејден и Вилоу Смит неодамна се издигнаа до слава преку успешен филм и мелодични песни, и сега се споредуваат со Џастин Бибер, но не се сите убедени дека се спремни за толку високо ниво во шоу бизнисот на само 10 и 12 години. Џејда и Вил добија многу критики за тоа што им дозволија на своите деца да влезат во забавувачкиот бизнис на толку мала возраст, а некои одат и до таа крајност што ги обвинуваат познатите родители за експлоатација на нивните деца.



Џејда неодамна почувствува потреба да се одбрани самата, и еве што таа имаше да каже: „На нашите деца им е дозволено да остнат во парадигмата да се биде дете. Тие не мораат уште сега да издржуваат семејства: да бидат целосно емоционално, физички и финансиски фокусирани, што им се случува на многу деца-ѕвезди. Структурата на нашето семејство е малку поинаква и е многу тешко да се разбере затоа што е надвор од секоја гранца од тоа што се случува во обичните семејства, но парадигмата сепак останува иста. Ова не е за слава или пак за пари. Тие сепак мораат да одат на проби и на аудиции без разлика кои им се родители. Колку и да посакувам да откријам како да ги заштитам моите деца, сепак тие имаат сопствена судбина. Нема јас да ставам кочници на тоа поради мојот страв. Имам 10 годишна ќерка која може да застане пред публика од 17.000 и целосно да завладее со сцената. Морам да и одадам признание.“



Тоа што Џејда го кажува има смисла кога е сосредоточено вака, и воопшто не изгледа како таа и нејзиниот сопруг да ги експлоатираат своите деца. Едноставно им дозволуваат да се забавуваат малку повеќе отколку што би им дозволиле обични родители на обични деца.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...