Monday, 21 March 2011 22:27 Шоу Бизнис

Песната на 13 годишната Ребека Блек стана интернет хит, но не поради причината која таа ја сакала...


Мајката на 13 годишната Ребека Блек платила 2.000 долари на компанијата Ark Music Factory, за да ја направат песната Friday за нејзината ќерка, која е обработка на легендарната песна на Боб Дилан од 1967 година и да снимат песна за истата, а по завршувањето го објавиле нејзиното видео на YouTube.

Песната Friday стана интернет хит, па до сега на интернет има над 30 милиони прегледи. Но, Ребека не беше среќна кога ги виде коментарите кои ја прогласуваат за најлоша пејачка на светот.

„Мислам дека луѓето се изживуваат врз мене на интернет. Мене песната многу ми се допаѓа и мило ми е што доби толкав публицитет. Луѓето толку се вознемируваат околу мојата песна, а јас мислам дека е одлична“, изјави младата пејачка за списанието People.

Но, покрај тоа што од страна на интернет корисниците е прогласена за најлоша пејачка на светот, познатиот Сајмон Коувел изјавил дека песната „многу му се допаѓа“, а продажбата на истата на iTunes оди одлично, така што на Ребека можеби сепак и се смее добра музичка иднина.

А дали Ребека Блек е најлоша пејачка на светот или не, пресудете сами...

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...