Monday, 21 March 2011 22:08 Шоу Бизнис

Џо Џонас почнува соло кариера, а во првиот албум ќе пее за неговата врска со Ешли Грин...

Подгответе се фанови на Jonas Brothers, Џо Џонас ќе ве однесе на патување за неговиот живот во неговиот нов соло албум.



Клод Кели, текстописецот што Џон го најмил да му помогне да ги напише текстовите за песните за албумот што треба да излезе, откри дека Џо Џонас ќе ги отвори сите карти на масата, како што прави неговата поранешна девојка Тејлор Свифт, со нејзините нови песни. Албумот посебно ќе се фокусира на подемите и падовите во врската со неговата поранешна девојка Ешли Грин.

Клод објаснуваЧ: „Тој воопшто не го држи тоа во себе. Тој е како, ‘Сакам да зборувам за оваа девојка’ или ‘Колку таа е згодна’ или ‘Зошто раскинуваме’ или ‘Зошто сме заедно’. Тој ќе го каже тоа, и ќе го преточи својот живот во песни, што е рецепт за најдобри песни. Тоа ќе биде добро, апсолутно, а тоа е забавниот дел: да ги пушти фановите да го разберат и да ги слушаат песните одново и одново. Значи, јас бев запрепастен од тоа колку собран беше тој за оваа снимање и колку голема волја има да ризикува."



Клод исто така откри дека Џо планира да ја игра целата игра на секс-симбол многу повеќе сега кога ќе влезе во водите на соло кариерата, а во исто време сака да прави звук кој е повеќе на работ, па речиси е сигурно да се каже дека неговиот прстен на невиноста нема да го придружува на сцената, кога ќе се претвори во Џо Џонас, верзија 2.0.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...