ТОП ВИДЕО |
Monday, 21 March 2011 17:58
Шоу Бизнис
Блум и Кер зборуваат за тоа како е да се биде родител и нивните прекрасни искуства во новиот семеен живот со малиот Флин...
Поминаа два месеци откако гордите родители Миранда Кер и Орландо Блум му посакаа добредојде на малиот Флин во нивните животи. Миранда го опиша Флин како нивен „мал зрак сончевина“ и рече дека покрај долгото и тешко природно породување, семејниот живот не може да биде подобар. Орландо исто така го пофали семејниот живот, и неодамна откри какво било запознавањето за прв пат со Флин и која е неговата омилена активност татко-син.
Тој рече дека бил во шок повеќе од било кога кога го запознал него, велејќи: „Лудо е затоа што додека жена го носи бебето девет месеци во утробата и многу е свесна дека има малечко во неа, но, за машко, одеднаш гледаш бебе. Се е како ‘Што? Опа!’ Но, прекрасно е!“ Кога го прашаа која е неговата омилена активност за поврзување со син му, Орландо рече дека ништо не може да се спореди со тоа кога го бањаат. Тој го опиша: „Супер е, го обожавам! Го бањам многу често во последно време, навистина е слатко. Тоа е навистина еден прекрасен момент.“
Миранда Кер и Орландо Блум изгледаат посреќни отколку што е човечки возможно. Но, можеби е полесно да уживаат во првото родителство покрај сите слуги кои се постојано таму за да го превземат ноќното плачење на новороденчето. |
Најчитани
Најнови
24FUDBAL.com.mkМакедонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...
Hot & SexyСигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...
|
























