ТОП ВИДЕО |
Friday, 18 March 2011 15:51
Шоу Бизнис
Радио во Малезија мисли дека делот за хомосексуалноста во Born This Way не е пристоен...
Емитувачи во нацијата со поголем број на муслимани одбија да пуштаат стихови од хит песната кои ја охрабруваат публиката за прифаќање на хомосексуалците, тврдејќи дека се само претпазливи затоа што владата забранува елементи што може да навредат некого. Малезијците слушаат мелодија од популарната станица со едитирана верзија на Born This Way, во која има неразбирлива промена во делот од текстот: „Без разлика геј, стрејт или би, лезбејски, трансроден живот, на прав пат сум, душо.“ Радио мрежата AMP, најдобриот приватен радио оператор во Малезија, вели дека претпазливоста била поради ограничувањата од владата поради песните што можеле да го навредат „добриот вкус или пристојноста или пак се навредливи за јавните чувства.“ „Извесниот текст од Born This Way може да биде сметен за навредлив ако се гледа од општествена и религиозна гледна точка на Малезејците“, вели компанијата во изјавата за The Associated Press. „Проблемот да се биде геј, лезбејка или бисексуалец се уште се смета за табу-тема од повеќето Малезејци.“ Малезијскиот активист за сексуална слобода, Панг Ки Тејк ја критикуваше одлуката на емитувачите, велејќи дека медиумите треба да бидат „платформа за маргинизирани гласови и да создаваат разбирање - не да пропагираат незнаење и омраза.“ „Лејди Гага се обидуваше да се обрати токму кон овој проблем во нејзината песна. Како се осмелуваат да ја пуштат таа песна и да го отсечат токму најбитниот дел“, вели Паг, ко-основач на антидискириминирачкото движење во Малезија. „Сите го сакаат истото нешто: да сакаат, да бидат сакани и да ни ги пуштат песните на радио.“ |
Најчитани
Најнови
24FUDBAL.com.mkМакедонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...
Hot & SexyСигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...
|






















