Tuesday, 15 March 2011 13:36 Шоу Бизнис

Две девојки, и двете дваесет и четири годишни и двете откачени: дали Гага и Керли се копираат меѓу себе?

Уште откако Лејди Гага се појави на сцената во 2008 година со својот деби албум The Fame, стана вистински бум и сензација на музичката сцена. Албумот доби многу позитивни критики, добри оценки и пофалби за оригиналноста на пејачката.

Меѓутоа, ретко кои знаат дека повеќе од месец пред појавувањето на албумот на Гага, на сцената се појавува и деби албумот на пејачката Керли, Love Is Dead, кој не постигнува ништо посебно, и покрај одличните оценки и критики.

Лејди Гага уште од почетокот ја споредуваат со Мадона, големо име веќе долги години на американската музичка сцена, но сличноста меѓу Гага и Керли е многу пооправдана.

Како прво, двете девојки имаат по дваесет и четири години, заштитен знак им е препознатливата руса коса, откачените костими и многубројните перики кои и двете обожаваат да ги (зло)употребуваат. Откаченоста во стилот, контроверзноста се исто така дел од нивната поврзаност.

Додека Гага е Mother Monster (Мајка чудовиште), Керли е Moonchild (Месечево дете). Гага ги има своите Little Monsters (Мали чудовишта), Керли ги има своите Moonchildren (Месечеви деца), називи кои двете пејачки ги користат за именување на нивните фанови. Гага, од една страна, ја има својата Haus of Gaga (Куќата на Гага), Керли од друга, ја има својта Moonchild Academy (Академијата на Месечевото дете). Двете имаат свои нации, зар не?

Исто така, очигледни се елементи кои ги користат во своите музички видеа, како што се: триаголници, огледала, труење на пијалоци, оружје, танцување со исто маскирани танчери и (во најновите видеа и на двете пејачки) еднорози.

Прашањето е: кој кого копира и дали Лејди Гага е попозната поради подобриот маркетинг кој го нуди САД, земјата на можностите, додека Керли е ја нема таа привлиегија, затоа што е од Естонија?

Тоа останува на вас да пресудите, но мора да признаете дека и двете имаат талент, а ако ја сакате едната, сигурно ќе ви се допадне и другата!

Kerli - Army Kerli - Army Of Love

Lady Gaga - Born This Way

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...