Thursday, 10 March 2011 20:08 Шоу Бизнис

Даниел Крег стана драг-кралица за Интернационалниот ден на жената за да поттикне совест кај останатите.


Тој во рекламата се појавува сосема сам, но можеме да ја слушнеме неговата пријателка од Џејмс Бонд филмовите, Џуди Денч како му зборува.

Прашањата и фактите кои ги изнесува Џуди се вртат околу едно комплексно прашање: дали жените и мажите се еднакви?

Таа вели дека иако е 2011 година, мажите сепак заработуваат повеќе од жените, имаат поголеми шанси да станат политичари или директори на фирма и речиси никој не ги осудува мажите за промискуитет или пак сексуално ги злоупотребува.

Исто така вели дека за разлика од 30.000 жени кои годишно ја губат работата поради бременост, мажите не морат да се плашат од тоа ако решат да станат родители, или пак неочекувано добијат дете.

Џуди вели дека иако светот е променет, бројките остануваат против жените. Наведува дека жените се одговорини за 2/3 од работата што се врши ширум светот, а заработуваат 10% од целосната заработувачка и се сопственици на 1% од сопственостите.

70 милиони девојки секоја година се лишени од основно образование, а повеќе од 60 милиони сексуално се злоупотребувани на пат кон училиштето. 1 од 4 жени е жртва на домашно насилство и дека секоја недела 2 жени се убивани од страна на нивните шефови.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...