Friday, 04 February 2011 18:44 Шоу Бизнис

 

Жената која се претстави како Фелони раскажа некои детали од журката, односно моментот кога Чарли колабирал и додека чекале да дојде брзата помош...


„Порно ангелите“ на Чарли Шин го скриле кокаинот пред да дојде болничката служба да го спаси од автодеструкција на епската журка, тврди една холивудска госпоѓа. Извесната за порталот RadarOnline се претставила како Фелони и се уште не е познато дали станува збор за некоја од учесничките во случката.

Изјави дека пет порно глумици се нашле во паника кога после 36 часа оргии, актерот колабирал. „Девојките се однесуваа во стилот: ‘О, боже мој! Треба да викнеме брза помош! Дрогата! Што ќе правиме со неа?’“, изјави Фелони и додаде: „Се разбира дека никој не сака да биде во куќа со ѕвезда на умирање од преку умерена доза и со дрога расфрлана насекаде. Затоа девојките во најкраток можен рок ги отстранија сите траги од повеќедневното дрогирање, затоа што се плашеле дека со брзата помоше ќе дојде и полиција.“

Пожарникарите од Лос Анџелес вчера објавија снимка од повикот на бројот 911 на кој се слуша како соседот на Шин, доктор Пол Насиф, е надвор од себе затоа што Чарли му ѕвонил во четврток за време на ноќта, барајќи помош.

„Добар ден, се викам доктор Насиф. Живеам во Беверли Парк на Беверли Хилс. Штотуку добив повик од Чарли Шин. Ми рече да не ѕвонам на 911, но можам да заклучам дека е под дејство на дрога и дека трпи страшни болки“, се слушаше на снимката.

Чарли Шин пак вчера ги нападнал медиумите обвинувајќи ги дека повеќе внимание посветуваат на „неговите ср***“ отколку на случувањата во светот.

„Не верувајте во ништо. Никогаш нема да зборувам за тоа што се случи се додека сум жив, а вие ќе правите само едно: ќе погодувате!“, напиша Чарли Шин на Е! News и заврши со зборовите: „Освен тоа, две војни беснеат во светот. Египет е уништен до темел, а вие се занимавате со моите ср***!“

Портпаролот на Шин, Стен Росенфилд, подоцна објавил многу поцензурирано извинувачко писмо во кое навел дека Шин добил многу писма за поддршка и дека одвај чека да им се врати на обврските.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...