Thursday, 03 February 2011 12:33 Шоу Бизнис

Руската шпионка Ана Чапман го регистраше своето име како заштитен знак за да добие пари за нејзината се поголема популарност откако беше депортирана во стил на Ладната војна минатата година...

„Можеби сака да отвори ‘Ана Чапман’ хемиско чистење или да прави колачиња“, рече Николај Кравтсов, службеник во агенцијата за Reuters по телефон, додавајќи дека се пријавила за заштитен знак во август.

28 годишната црвеноглавка позираше во долна облека, присуствуваше на лансирање на ракета и пееше заедно со премиерот Владимир Путин откако се врати во Русија по нејзиното апсење и бркање од Соединетите Американски Држави во јули.

Чапман, позната и како Агент 90-60-90 од рускиот печат, побарала да го регистрира своето име како заштитен знак за осум линии на трговска стока, вклучувајќи водка, облека и часовници, пишуваше во дневниот весник Komsomolskaya Pravda, велејќи дека заштитниот знак ќе трае се до 2020 година.

Поранешниот сопруг на Чапман може да ја оспори легалноста на заштитниот знак, додаваат во весникот. Нејзиното британско државјанство - што го доби од бракот со Алекс Чапман - беше поништено по шпионскиот скандал.

Нејзиното моминско презиме, Кушченко, е во нејзиниот руски пасош, додадоа од весникот.

Чапман го подигна својот имиџ во последно време. Таа присуствувала на младински политички состанок и пред две недели лансирала неделно телевизиско шоу наречено Mysteries of the World with Anna Chapman.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...