Tuesday, 17 August 2010 14:22 Шоу Бизнис

Тој е спортист, а таа пејачка, но кога станува збор за сурфање, хавајката Никол Шерцингер е вистински експерт...

Прекрасната Никол на своето момче, возачот од Формула 1, Луис Хамилтон вчера му одржа часови по сурфање, а и не останаа незабележани од папараците.

Облечена во розеви мини бикини, 32 годишната бринетка даваше инструкции на својот сакан, додека во исто време вешто управуваше со нејзината даска.



Со оглед на тоа што Никол, повеќето од времето го поминува на високи потпетици, држањето рамнотежа, боса на даска за сурфање не претставува некаков проблем за неа. Сепак, за Хамилтон задачата не беше толку лесна па затоа тој реши да ја слуша партнерката и да си седне, се разбира за поголема безбедност.



Шерцингер сепак ја покажа својата топ форма надвор од водата. Таа доби одлични критики за улогата во последниот филм на режисерот Нил Патрик Харис, "Rent", во кој Никол ја игра бисексуалната Маурен. Никол остави силен впечаток и како гостин судија во британското талент шоу X-Factor, додека Шерил кол се опоравуваше од маларијата, а Дани Миног беше во породилно отсуство.



Сега продуцентот на шоуто, Симон Ковел сака Никол Шерцингер да се врати на малите екрани за да и помогне за финалето. Според магазинот "Marie Claire" шефот на телевизијата на пејачката и предложил да го користи неговиот приватен авион, во обид да ја убеди да остане.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...