Thursday, 01 April 2010 15:39 Шоу Бизнис

Анџелина Џоли е жена која освен со убавината која плени е позната и по своите добротворни кампањи, како и со многуте тетоважи...

Голем дел од тетоважите на телото се како клучеви за животот на ѕвездата. Таа има тетоважа на грбот Know Your Rights или Знајте ги своите права. Налево од него се наоѓа будистичка тетоважа напишана на јазикот Кмер кој се зборува во Камбоџа. Целта на тетоважата е да се заштити нејзиниот посвоен син Мадокс од лоша среќа. Во превод гласи: "Нека непријателите бегаат од тебе. Ако придобиеш богатства нека останат твои засекогаш. Убавината ќе биде како онаа на Апсара. Каде и да одиш многу ќе присуствуваат, служат и пазат на тебе, заобиколувајќи те тебе од сите страни".


Арапскиот натпис на десната рака нејзиниот значи: "Решителност" и покрива апстрактни линии, направени во времето кога била со БИли Боб Торнтон.



На левата рака стои римскиот број 13, на кој подоцна го додава V MCMXL. Датумот 13 мај 1940 година во историјата е познат по говорот на ВИнстон Џерчил во кој тој вели: "Немам да понудам ништо друго освен крв, тешка работа, солзи и пот".


На левата рака има натпис-цитат од Tенеси Вилијамс, "молитва за дивите срца чувани во ќелија".


Темниот крст на стомакот ја покрива една од старите тетоважи на мал змеј, која ја направила во Амстердам. До симболот стои латинска фраза  "Quod me nutrit me destruit" или "Она што ме храни, ме уништува".

Буквата на раката на Анџелина "h" според блиски извори до ѕвездата, потсетува на тесната врска со нејзиниот брат Џејмс Хевен и поранешното момче Тимоти Хјутон.

Не чудете се, кога ќе ја видите тетоважата направена врз змејот на нејзиното рамо. Ова се географските координати на местата во Камбоџа, Етиопија, Намибија и Виетнам, каде што се родени нејзините деца.


N11 ° 33 '00 "E104 ° 51' 00": место во Камбоџа, каде што е роден најголемиот син на Анџелина Џоли, Мадокс.

N09 ° 02 '00 "E038 ° 45' 00": место во Етиопија, каде што е родена нејзината ќерка Захара.

S22 ° 40 '26 "E014 ° 31' 40": место во Намибија, каде Анџелина ја раѓа биолошката ќерка од Бред Пит, Шајло.

N10 ° 46 '00 "E106 ° 41' 40": местото во Виетнам, каде што е роден синот Пакс Тиен.

N43 ° 41 '21 "E07 ° 14' 28" (напишан два пати еден под друг): координати во Ница, јужна Франција, местото каде што Џоли ги родила близнаците Нокс и Вивиен. 


На нејзината дланка Анџелина има тетовирано буква М, поради смртта на нејзината мајка Марселин Бертранд.


Се разбира нема како а да не го одбележиме и присуството на 30 центиметарскиот бенгалски тигар на долниот дел од нејзиниот грб. Направен е во Банкок за 2 часа, а тетоважата е благословена со антички химни. Овој тигар го олицетворува нејзиното државјанство во Камбоџа и е направен во традиционален Таи стил.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...