Thursday, 04 February 2010 16:39 Шоу Бизнис

Сите знаеме дека Бил Гејтс нема завршен универзитет. Овие осум познати и богати личности, сепак, дури не се потрудиле да завршат и средното училиште:

Џеј-Зи (Шон Картер)



Шон Картер израснал во Бруклин, како што продавал дрога на улиците, додека не најде спасение во музиката. Во 1995 снима својот прв сингл во компанија Def Jam Record, која подоцна ја предводи.

Во 2008 момчето без средно образование потпиша договор од 150 милиони долари со Live Nation, што му дава право сам да го контролира снимањето на неговите албуми, турнеите и зделките за реклама со огромни компании како Dell, Budwiser и др.

Сајмон Кауел



Зајадливиот водител на American Idol минатата година заработил 75 милиони долари од шоуто, како и од учествата во Britain's Got Talent, The X-Factor, SyCo и други. Тој има сопствена продуцентска компанија. 50-годишниот Сајмон го напуштил училиштето на 16-годишна возраст и започнал со работа во EMI. На 23 напуштил и отвара сопствена издавачка куќа - Fanfare. Во моментов тој е највисокоплатениот во риалити шоута низ светот.

Жизел Бундхен



Најдобро платената манекенка во светот, ја започнала кариерата на 14-годишна возраст. Нејзините приходи за минатата година изнесуваат 25 милиони долари, благодарение на договорите со Versace, Dior, и др. Таа има сопствена марка сандали.

Карл Линднер



Го напушта училиштето, затоа што мора да работи како разносувач на млеко.Во 1940 позајмил 1 200 долари и заедно со сестра му и двајцата браќа отвораат продавница за сладолед.

Во 1959 година го напушта овој бизнис и започнал да инвестира во бизниси со кредити, а после извесно време се бави со осигурување, кои на крајот ги обединува под името American Financial group.

Во 1984 ја купува Chiquita Brands International и ја раководи до 2001 година. Во моментов семејната компанија за сладолед и млечни производи United Dairy Farmers има 200 продавници. Личното богатство на Линднер се проценува на 1.7 милијарди долари.

Џорџ Форман



Израснал во бедно семејство во Маршал, Тексас. Кога имал само 15 години започнал да боксува. Во 1986 г. ја освоил Олимписката титула. Голамиот финансиски успех доаѓа во 1999 г.,  кога потпиша договор за користење на неговото име со производителот на скари Salton. Од тогаш па наваму тој рекламира и марки како Dorits. KFC, Meienek. Тој има сопствени компании за детергенти, обувки, ресторани и др.

Дејвид Мурдок



Го напушта училиштето, влегува во армијата во 1943 и се преселил во Детроит по Втората светска војна. Во 1985 почнува да управува Dole Food - хавајска компанија за недвижности. Во Октовмри 2009 ја прави компанијата јавна (пазарната капитализација сега е 1 милијарда американски долари). Пред кризата состојбата на Мурдок се оценуваше на 3.5 милијарди долари.

Ричард Брансон



Брансон е син на адвокат и стјуардеса. Го напуштил училиштето на 16 години и започнува свое списание наречено Student. На крајот на 70-те години, Брансон, тогаш на 23 години, ја основа  компанијата Virgin. Во моментов Virgin е империја од 200 компании кои работат во 30 земји. Самиот Брансон поседува два острови во Карипско Море, а нето богатство му се проценува на 2.5 милијарди долари.

Џим Кларк



Кларк е легенда во Силиконската долина. Тој ги основа компаниите Silicon Graphics, Netscape, Healtheon и Shutterfly. Состојбата му се оценува на 900 млн. долари.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...