Monday, 26 August 2013 17:55 Шоу Бизнис

Германската убавица Мерјем Узерли открила шокантни детали за нејзиниот поранешен свршеник Кан Атеш, кој не сакал дете со неа, пишува турски "Хуриет"...



Поранешната Хурем рекла дека во моменти на очај размислувала да се самоубие, за што и се обидела ноќта кога биле доделувани престижните телевизиски награди во Анталија.

„По приемот на клиника во Берлин, бев во многу лоша состојба. Прво ме лекуваа со хемиски, а потоа со хомеопатски лекови. Кан цело време беше со мене, но кога дознав за бременоста, сè се промени“, рекла Хурем, додавајќи дека тој Кан веднаш и рекол да абортира, а таа од очај сакала и се обидела да се самоубие.

„Точно е дека поради депресија се обидев да скокнам од балкон од својата хотелска соба, но во последен момент ме спречија во тоа. Беше ужасно. Сакав само да ставам крај на се. Сакав да се убијам за конечно да се ослободам“, раскажува актерката со солзи.

„После таа вечер ја напуштив Турција. Кан дојде во посета. Возевме велосипеди во паркот, а потоа седнавме на клупа да одлучивме што ќе се прави со мене. Ме принуди да одам во аптека и да купам тест за утврдување на бременост. Го направив тоа од шега, но кога ги видовме резултатите, ние сме без зборови. Тој јасно ми стави до знаење дека не сака наше дете“, ја раскажувала Хурем тажната приказна, цитирајќи го нејзиниот поранешен свршеник.

„Тој ми рече: „Јас веќе имам две деца, трето не ми треба. Мора да абортираш! Впрочем, зар не мислиш дека така е најдобро за двајцата. Помисли само што ќе пишуваат весниците. Ќе кажат дека си ја напуштила серијата поради бременост, дека си лажела. Ова бебе ќе уништи сè. Абортирај, сите го прават тоа денес!“, рекла Мерјем, тврдејќи дека таа за нејзиното дете ќе биде и мајка и татко, а за Кан рекла дека тој никогаш не ја сакал воопшто.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...